"Заедно да ги покажеме своите различности и да се сплотиме во своите еднаквости!"
За проектот

За Проектот

Со проектот Паралелен Живот- Млади во акција, граѓанската организација Ергос, стана дел од грантистите на ЦИВИКА МОБИЛИТАС за АД ХОК грантови.

Проектот има за цел преку културен настан, забава и дружење на младите од различни етникуми, да ги зацвртсти меѓуетничките односи во Република Македонија, како и да се утврдат темелите за мултиетничка соработка преку културно учење и комуникација меѓу младите луѓе.

Младите од различки етникуми преку забава и игра да ги увидат придобивките од можноста да живеат во земја која е богата со разноликости, да ја прифатат и дејствуаат понатаму заедно. Имено, ако луѓето од различни националности ја прифатат идејата за заедничка соработка и соживот, тоа ќе резултира со подобра иднина за секого во општеството. Тоа ќе го намали бројот на проблеми и несогласувања кои постојат помеѓу етничките заедници на овие простори и ќе инвестираат во подобар живот, подобро утре.

Новости и повици

Паралелен живот - Малди во акција!

  • Јавен Повик за изработка на презентација

    Невладината организација Ергос, спонзорирана од Цивика Мобилитас објавува јавен повик за учество во проектот “Млади во Акција”. Целта на проектот е да се променат границите и да се зближат различностите. Во проектот учество заземаат македонскиот и албанскиот етникум. Младите учесници ќе имаат можност да ја презентираат својата култура, храна, фолклор и да се зближат меѓу себе!

  • Претстави ја твојата култура и храна

    Младите учесници ќе имаат можност да ја презентираат својата култура, храна, фолклор и да се зближат меѓу себе! Целта на презентациите е да се покаже дека има меѓусебно разбирање и почитување, и дека колку и да сме различни – заедно сме посилни! Презентациите треба да бидат изработени во Power Point и да не надминуваат 15 слајдови.

  • Покажи ја твојата креативност

    Сите заинтересирани кандидати кои сакаат да ја презентираат својата култура и начин на живеење нека го испратат своето CV заедно со презентација на nvo.ergos@gmail.com. Крајниот рок за аплицирање е 15.02.2018 година. Побрзајте!

  • Презентирај и освој награда!

    За најсреќните кандидати следува и парична награда! Ве очекуваме!

За Настанот

Почитувани Млади во акција – желни за промени! Цивика Мобилитас заедно со Ергос Скопје ве повикува да учествувате во културен настан кој ги брише границите и ги спојува срцата! Културниот настан ќе се одржи на 28.02.2018 (Среда) од 19.00 до 21.00 часот во Менада- Стара чаршија, Скопје. Пријавете го вашето учество до 15.02.2018! Ве очекуваме!

Презентации

Пријави се и Учествувај!